Фудбал
Извлечени двојките за плејофот за ЕП 2024
Во Нион денес беа извлечени паровите за плејофот за пласман на Европското фудбалско првенство 2024.
Ждрепката одлучи Велс да игра со Финска, Израел да се соочи со Исланд, а Босна и Херцеговина со Украина.
Сите плејоф двојки за ЕП 2024:
Лига А: Полска – Естонија, Велс – Финска.
Победникот од вториот пар ќе игра на домашен терен во финалето.
Лига Б: Израел – Исланд, Босна – Украина.
Победникот од вториот пар ќе биде домаќин на финалето.
Лига Ц: Грузија – Луксембург, Грција – Казахстан.
Победникот од првата двојка ќе биде домаќин на финалето.
Полуфиналните сребри ќе се играат на 21 март 2024 година, а финалните на 26 март 2024 година.
Тројцата победници од финалето ќе учествуваат на Еуро 2024 година во Германија.