Тајмаут
Ја обвинуваат дека фотографиите и се провокативни, таа вели: Ова е само во слободно време!
Голем број на познати спортиски објавуваат провокативни фотографии на социјалните мрежи. На тој начин добиваат голем број на фанови, но и можност за привлекување на спонзори. Општо познато е дека спортистите заработуваат добри пари од социјалните мрежи. Но, има и такви кои трпат големи критики за ваквиот нивен однос.
Една од нив е холанската спортиска во брзо лизгање Џута Лердам. Таа навистина е активна на социјалните мрежи, објавува провокативни фотографии, но има реален и коректен одговор на критиките.
-За време на напорните тренинзи не сакам да се фотографирам ова се случува само во слободни денови, инаку размислувам само за лизгање, изјави Жута.

