Тајмаут
Ја однел во приватен стан и сексуално ја вознемирувал, фудбалска менаџерка откри голем скандал за претседателот на Фудбалската федерација на Франција
Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел ле Грае повторно се најде во центарот на вниманието.
Првиот човек на францускиот фудбал последните денови ги полни насловите на тамошните медиуми.
По срамната изјава за Зидан, поради која тој беше жестоко нападнат во јавноста, тој повторно се најде во центарот на нов скандал.
Имено, Соња Суид, успешна фудбалска менаџерка, го обвини претседателот на Француската фудбалска федерација за сексуално вознемирување.

Една од најмоќните жени во францускиот фудбал во интервју објавено од „L’Equipe“ и „BFMTV“ ги откри шокантните детали од нејзината средба со Ноел во 2014 година.
„Во септември 2014 година ми се јави. Ми кажа дека сум извонредна, дека сум направила неверојатни работи и дека сака да ме запознае со Брижит Енрикез, најважната жена во ФФФ. Тој ми предложи да се видиме во неговиот стан во Париз“, откри Соња.
Ноел ја уверувала менаџерката дека често одржува состаноци во станот поради приватност, па таа ја прифатила поканата, не сомневајќи се дека старата лисица има задни намери.
„Имав 26 години, бев почетник, а тој беше претседател на ФФФ, па го почитував“, вели таа и додава.
„Никогаш не ме гледаше како агент, туку како објект. Да бидам искрена, ме гледаше како пар цицки.
Соња тогаш откри што се случувало во станот на фудбалската централа.
„Кога пристигнав, видов две чаши шампањ на масата. Ја чекав Брижит, но таа не дојде. Тој ми рече: „Знаеш, не ни треба. Ако сме доволно блиску, Можам да ти ги исполнам сите желби’. Не ја допрев чашата, се плашев дека можеби ставил нешто, слушнав многу приказни“, рекла Соња.
Таа била разочарана што претседателот на Француската фудбалска федерација ја гледал како објект.
Таа истакна дека го одбила и го напуштила станот, но Ноел не отстапил.
„Добив многу гласовни пораки од него: „Слободна ли си вечерва? Соња, го завршив третото шише, го чекам четвртото! Многу сум лут затоа што не ме почитуваш“… Тој сакаше да дојдам кај него. За жена што се обидува да изгради нешто, тоа е болно“, призна менаџерката која има голем број фудбалери во Франција под нејзина контрола.