Други спортови
Ја победи Русинката, одби да се ракува и почна да извикува: „Ова е за Украина“
Украинската тенисерка Марта Костјук (20) ја победи Русинката Варвара Грачева со 6:3, 7:5 во финалето на ВТА турнирот во Остин. Таа по победата одбила да се ракува со противничката и паднала на колена и почнала да плаче од врисоци. Таа потоа изјави во интервјуто:
„На позицијата на која сум во моментов, многу е посебно да се освои оваа титула. Сакам да ја посветам на Украина и на сите луѓе кои се борат и умираат. На сите што се на трибините и гледаат, особено во Украина. Сакам да кажам: Слава на Украина!“
Костјук веќе неколку пати јавно зборуваше против Русија и инвазијата на нејзината татковина. Во јануари на Австралија опен, таа рече дека е многу вознемирувачки да се види Срѓан Ѓоковиќ како се слика со руско знаме со ликот на Владимир Путин на него.