Фудбал
Јап Стам: Јунајтед мора да доминира ако сака да го задржи Роналдо
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Јап Стам, смета дека доколку „црвените ѓаволи“ сакаат да го извлечат максимумот од Кристијано Роналдо, играта мора да се гради околу Португалецот. „Кристијано во текот на сезоната докажува дека сè уште може да постигне многу голови. Тој е во одлична физичка форма, сака успех и игра важна улога. Но, ако сакате оптимално да го искористите таков играч и да го играте од првата минута, тогаш играта мора да се гради околу него.
„Потребни ни се крила за да го активираме, потребни ни се и крајни дефанзивци за да одиме длабоко напред. Тимот мора да доминира, да биде речиси постојано на противничката половина, за да може Роналдо редовно да навлегува во шеснаесетникот“, продолжува Холанѓанецот.
„Тоа е она што Јунајтед треба да го игра ако сака да го задржи. Тој дефинитивно ќе биде важен играч доколку одлучи да остане“, изјави Стам.