Тајмаут
Јас сум лав, но кога го видов Мегваер станав мачка – Урнебесно, Ибрахимовиќ, Меси, Роналдо за „најдобриот“ дефанзивец во светот Хари Мегваер, вакво нешто уште не сте прочитале
Хари Мегваер иако е најскапо платениот дефанзивец во историјата на Премиер лигата, сепак во последната сезона стана мета на потсмев на социјалните мрежи. Неговите големи киксови нанесоа голема штета на Манчестер Јунајтед, особено во ЛЕ против Севиља кога постигна автогол, па од 2:0 во корист на Јунајтед, мечот заврши 2:2. Мегваер е „инспирација“ за твитерџиите, а еве неколку изјави, се разбира измислени, на најдобрите фудбалери за „најдобриот“ дефанзивец Хари Мегваер.
-Ибрахимовиќ: Јас сум лав, но откако го гледав Мегваер станав мачка
-Мбапе: Трчав со топката, Мегваер беше далеку зад мене пред да стигнам до шеснаесетникот од 18 метри тој веќе е пред мене и ме чека
-Меси: Одбив да дојдам во Премиер лигата поради Хари Мегваер
– Нејмар: Tој е најтешкиот дефанзивец со кој сум се соочил
-Пеп Гвардиола: Aко одбраната беше уметност, Мегваер ќе беше Пикасо
-Серхио Рамос: Луѓето велат дека сум најдобриот дефанзивец на светот, но откако го гледав Мегваер, сфатив дека пушеле трева.
-Кристијано Роналдо: Тој е веројатно најдобриот централен бек со кој некогаш сум играл, начинот на кој ја истегнува ногата за да погоди автогол е толку неверојатен
– Де Геа: Секогаш кога го имам Мегваер пред мене, секогаш останувам без зборови, тој е неверојатен
-Халанд: Би сакал да играм против Јунајтед, но ако Мегваер игра, ќе глумам повреда
– Паоло Малдини: Во моите најдобри години не бев ни блиску до Мегваер
-Роналдињо: Најтешкиот дефанзивец на кој сум сретнал беа Малдини и Пепе, но откако го гледав Мегваер сфатив дека згрешив