Фудбал
Јасно е кога ќе се одржат претседателските избори на ФИФА
Изборот за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе се одржи во 2023 година за време на 73. Конгрес на организацијата, соопшти централата.
Одлуката беше одобрена денеска на состанокот на Советот на ФИФА. Според распоредот, изборниот период ќе започне на 31 март 2022 година. Рокот за пријавување истекува четири месеци пред Конгресот, а рокот за објавување на примените кандидати истекува еден месец пред Конгресот.
Актуелен претседател на ФИФА е Швајцарецот Џани Инфантино, кој ја води организацијата од 2016 година. Инфантино претходно беше генерален секретар на Европската фудбалска централа (УЕФА).