Connect with us

Кошарка

Јокиќ го предводеше Денвер до финалето, прегазен Феникс (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го однесе Денвер во финалето на Западната конференција! Феникс беше победен на гости – 125:100 (44:26, 37:25, 22:25, 22:24). Србинот доминираше, запиша нов трипл-дабл (32, 12с, 10ск), уште еднаш на сите им покажа зошто е вистински МВП на НБА и ги доближи Нагетс до освојување на титулата. Ги дели уште една серија до борбата за прстен, го чекаат победникот од дуелот помеѓу Лејкерси и Голден Стејт, таму е 3:2 за тимот од Лос Анџелес.