Connect with us

Кошарка

Јокиќ ја шокираше, но и насмеа цела Америка: Победничка парада? Ухх, не можам, морам да одам дома, мојот коњ трча во недела! (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен натпревар и уште еднаш ги воодушеви сите, а овој пат го понесе и трофејот во НБА лигата! На Денвер му ја донесе првата титула во НБА лигата, а потоа сакаше само еднo. Да си одаи дома!

„Добро е, добро е. Ние ја завршивме работата“, накратко рече тој на прашањето како се чувствува сега кога конечно го освои трофејот во НБА, а потоа беше прашан како се чувствува што треба да ја брани титулата следната сезона со истиот тим.

“Не го знаев тоа, одлично е. Не размислувам за следната сезона, ќе побарам од тренерот уште неколку недели одмор од вообичаеното за да можам да се подготвам за следната сезона. Ова требаше да биде шега!“, рече Никола и ги насмеа сите во прес салата.

Сепак, најголемото шоу допрва дојде! Пред да отиде да ги фрли соиграчите во базенот и да слави со луѓето што ги предводеше до титулата, новинарите го прашаа дали со нетрпение ја очекува победничката парада. Одговорот беше во негов стил:

“Кога е парадата? Кога? Во вторник? А не, морам да си одам дома! Уф!”, рече Никола, и сите се насмеаа! Погледнете го тој момент.

А зошто Никола брза во Сомбор? Повторно, од причини единствени за него. Во НБА ТВ студиото нешто подоцна со легендите ја откри причината зошто сака  веднаш да замине во Сомбор.

„Во недела имам коњска трка, не знам како ќе стигнам ако треба да одам на парадата. Можеби треба да заминам во петок… Ќе побарам да ме пуштат дома …“, изјави Јокиќ.