Други спортови
Јотовски поразен од Челебиќ во четвртфиналето во Добој
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски беше совладан со 2:1 од Црногорецот Љубомир Челебиќ во четвртфиналето на турнирот во Добој.
Јотовски го освои првиот сет со 3:6, но вториот му припадна на црногорскиот тенисер со 7:5. Во третиот сет подобар беше Челебиќ, кој го доби со 6:3, и се пласираше во полуфиналето.
Турнирот во Добој се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Следната недела Јотовски заедно со тројцата други македонски тенисери, Горазд Србљак, Стефан Мицов и Бесир Дургути, ќе настапат на турнирот во Брчко.