Фудбал
Јунајтед го казнува Погба поради објавата на Инстаграм
Францускиот играч кој оваа сезона игра очајно, веднаш по отказот на португалскиот стручњак постави фотографија на Инстаграм, која е јасна провокација кон Мурињо.
Сепак брзо ја избриша, но цел свет ја виде оваа фотографија, а меѓу нив секако се и луѓето кои го сакаат Манчестер Јунајтед.
Како што пишува „Daily Mail“ челниците на „Црвените ѓаволи“ исклучително се лути на Погба поради оваа објава, па веројатно Французинот ќе биде казнет.
Се уште не е познато каква ќе биде казната. Постои можност Погба да загуди барем една неделна плата која изнесува 300.000 фунти.
Погба и Мурињо не беа во добри односи. Французинот често беше критикуван од Мурињо затоа што повеќе внимание посветува на друштвените мрежи и на фризурите наместо на неговите настапи на теренот.
