Connect with us

Фудбал

Јунајтед го реши прашањето за левиот бек за во следните пет години

Англискиот гигант “Манчестер Јунајтед” денеска го реши прашањето за левиот бек за во следните пет години.

Црвените Ѓаволи го продолжиа договорот со Лук Шо до 2023, а 23-годишниот дефанзивец ќе добие и зголемување на платата.

Неговиот нов договор е во вредност од дури 195.000 фунти неделно и, секако, дека е многу задоволен со оглед на тоа дека минатата сезона минуваше низ тешки времиња во Театарот на соништата.

Шо стана член на Јунајтед во 2014 година, но поради честите повреди играше само 75 натпревари и постигна еден гол.