Фудбал
Јунајтед и Матиќ ја искористија паузата поради коронавирусот за да ја продолжат спработката
Немања Матиќ ја искористи паузата поради коронавирусот за да го реши статусот во Манчестер Јунајтед, јавуваат британските медиуми.
Матиќ, наводно, потпиша нов едногодишен договор со тим предводен од тренерот Оле Гунар Солскјаер и тоа ќе биде официјално објавено наскоро.
Србинот имаше важечки договор уште само четири месеци, но сега е дефинитивно јасно дека тој ќе остане во клубот.
Потсетуваме, тој беше на почетокот на сезоната на милост и немилост на Солскјаер, но по многу повреди во средниот ред, ја пронајде својата шанса и ја искористи на најдобар начин.
Сега тој скоро секогаш игра во првиот состав и се чини дека двете страни се задоволни затоа што има проширување на соработката.
Се разбира, сето ова треба да се земе со резервира, бидејќи сè уште ништо не е официјално потврдено.
Патем, Матиќ е член на Јунајтед уште од летото 2016 година кога Жозе Мурињо го донесе во клубот како едно од првите засилувања.
Додека се шпекулираше дека тој ќе го напушти клубот, Атлетико Мадрид беше една од првите опции.