Connect with us

Фудбал

Јунајтед има само една цел во јануари, го подготвува најголемиот трансфер во историјата на клубот

Британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф наскоро би можел да стане косопственик на Манчестер Јунајтед, а по доаѓањето во клубот не планира да го брка сегашниот тренер Ерик тен Хаг, пишува Daily Mail.

Ретклиф дури наводно комуницира и со Тен Хејг за да ги испланира следните два трансфер периоди, а во тие разговори холандскиот тренер како приоритет за доведување го издвои крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Ник Вилијамс (21).
Помладиот брат на Инаки Вилијамс, кој исто така игра за Билбао, минатата сезона постигна девет гола и имаше шест асистенции на 43 настапи во сите натпреварувања.

Сезонава на 15 натпревари постигна четири гола и пет асистенции, а настапуваше и за шпанската репрезентација за која забележа 11 настапи и постигна два гола.
Англиските и шпанските медиуми се согласуваат дека Вилијамс би бил најголемиот договор во историјата на клубот доколку Јунајтед го донесе уште во јануари.

Да потсетиме, рекордот го држи Пол Погба, кој од Јунајтед беше платен 105 милиони евра.