Connect with us

Фудбал

Јунајтед мора да исполни еден услов доколку го сака Санчо на „Олд Трафорд“

Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо веројатно ќе го одбие трансферот во Манчестер Јунајтед доколку тимот не успее да се пласира во Лигата на шампионите следната година.

Санчо е главната трансфер цел на „црвените ѓаволи“ и за нив се смета дека се подготвени да му дадат неверојатна плата од 400.000 фунти неделно за да го направат тој трансфер. Сепак, самиот Англичанец очигледно има и други барања.

Според „Сан“, техничарот има сериозни сомнежи за доаѓање во Манчестер, доколку Јунајтед не успее да се квалификува во групите на најпрестижниот европски клупски турнир. Екипата во моментов е рангирана на 5-то место во Премиер лигата, на само 3 бода заостанување од четвртиот Челси. Сепак, пандемијата од коронавирус во моментов го доведува во прашање завршувањето на првенството.

Во краен случај, можно е и ова 5-то место да биде доволно ако се потврди казната на Манчестер Сити за не учество во ЛШ во наредните две сезони.