Connect with us

Фудбал

Јунајтед победи кај Астон Вила и влезе во борба за Лигата на шампионите

Во средбата од 24. коло на англискиот фудбалски шампионат, Манчестер Јунајтед на гости ја победи Астон Вила со 2:1.

Јунајтед поведе во 17. минута со голот на Расмус Хојлунд, израмни Даглас Луиз во 67. минута, а Скот Мектоминај погоди во 86. за победа на „црвените ѓаволи“.

Тоа беше трета последователна првенствена победа за Јунајтед, а четврти меч во низа без пораз. Јунајтед моментално е шести на табелата и сега ја намали разликата од петтопласираната Вила на пет бода.

Во следното коло Астон Вила гостува кај Фулам, а Јунајтед оди кај Лутон.

Advertisement