Фудбал
Јунјатед подготвен да плати 100 милиони евра за Кејн, што ќе каже ПСЖ на ова?!
Премиерлигашот Манчестер јунајтед сака ова лето да го донесе во своите редови Хари Кејн и за услугите на англискиот репрезентативец е подготвен да му плати на Тотенхем обесштетување од 100 милиони евра.
Потсетувајќи дека Кејн е долгогодишна желба на Јунјатед, англиските медиуми пренесуваат денеска дека неговиот трансфер ова лето е пореален од кога и да е.
Кејн има договор со Тотенхем до јуни идната година, и според медиумите, клупскиот претседател Даниел Леви ќе се согласи да му дозволи да замине на крајот на оваа сезона, за да не се доведе во ситуација идното лето да остане и без Кејн, и без пари.
Кејн е во Тотенхем од почетокот на кариерата и досега за лондонскиот клуб одигра 429 натпревари на кои постигна 274 голови. Три пати беше најдобар стрелец во Премиер лигата, но со Тотенхем не освои ниту еден трофеј. Со оглед на тоа дека Кејн се спомнува и како желба на ПСЖ, останува да се види како ќе реагира францускиот тим.