Connect with us

Фудбал

Јурген Клоп за прв пат дома направи нешто, што никогаш не го правел

Тренерот на Ливерпул, Јурген Клоп за клупската интернет страница изјави дека во самоизолација работи некои работи кои досега никогаш не се обидел да ги право, па така станал мајстор за перење садови.

-Се обидувам и да готварм. Прв пат во животот направив кајгана, но мојата сопруга Ула не беше посебно импресионирана и ме замоли повеќе да не го правам тоа. Имам 52 години и се уште не знам да врзам вратоврска па во наредните недели напорно ќе работам и ќе се обидам да го совладам и тоа. Една од позитивните работи е повторното откривање на пријателите од школските денови. На социјалните мрежи пронајдов луѓе кои долго време не сум ги видел и слушнал, а моите пријатели се изненадени колку сум активен, вели Клоп.