Connect with us

Фудбал

Јуве не застанува, ќе градат уште еден стадион

Јувентус е првиот клуб во Италија кој во 2011. година доби сопствен стадион изграден на темелите на неупотребливиот „Деле Алпи“.

Денеска Јуве игра на „Алијанс стадиум“ со капацитет од 46.000 места, а стадионот е еден од нај убавите и нај економичните и во Европа, по примерот на англиските стадиони, со трибини блиску до теренот, но и со содржина кој во целост ги исполнува доживувањата на еден фудбалски натпревар.

Сепак, како што пренесува „Tuttosport“, Јувентус нема да се задоволи само со еден стадион. Веќе имаат намера да изградат нов. Секако, новиот ќе биде со значително помал капацитет, но би го решил проблемот со другите екипи на Јувентус.

Помалиот стадион би го користел Б составот и женскиот клуб на Јувентус. Новиот стадион ќе има капацитет околу 6.000 гледачи, а би требало да се изгради на локацијата на „ПалаТорино“ стадион кој не е во функција од 2011. година.

Б составот на Јуве игра во Алесандриа, а женскиот клуб во Новара.

Доколку замислата се претвори во дело и Јуве изгради уште еден стадион, тоа би било уште една потврда за грациозноста на италијанскиот шампион.