Connect with us

Фудбал

Јуве подготви замена за Рабио, во Торино доаѓа засилување од Премиер лигата?

Челниците на Јувентус се заинтересирани за фудбалерот на Лестер, белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс, пренесуваат италијанските медиуми.

Скаутите на Јувентус бараат замена за францускиот фудбалер Андриен Рабио, кој има договор со торинскиот клуб до јуни следната година. Тој веќе најави дека не сака да остане во Јувентус, бидејќи планира без обештетување да ги напушти „црно-белите“ од Торино.

Тилеманс (25) има договор со Лестер до крајот на сезоната, а покрај Јувентус интерес за белгискиот фудбалер покажаа и Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Италијанските медиуми пренесуваат дека скаутите на Јувентус веруваат дека Тилеманс би бил идеална замена за Рабио.

Белгиецот пристигна во Лестер во 2019 година, а претходно играше за Монако и Андерлехт. За белгиската репрезентација постигна пет гола на 58 натпревари.