Connect with us

Фудбал

Јувентус е против прогласување на шампион во Италија според моменталниот пласман

Доколку Серија А се прекине и се прогласи шампион според моменталниот плассман, Јувентус не сака да освои нова титула на тој начин.

Старата дама е водечки тим во шампионатот, но нема да го прифати трофејот доколку сезоната на крајот се прекине поради пандемијата на коронавирус.

Претседателот на италијанскиот фудбал Габриеле Гравина го потврди ова за италијанските медиуми.

„Нашиот единствен приоритет е успешно да ја завршиме сезоната. Идејата е првенството да започне на 20 мај или почетокот на јуни и да заврши во јули“, рече Гравина, потврдувајќи дека Јувентус не ја сака титулата доколку сезоната не заврши.

„Ќе мора да ја доделиме титулата ако ситуацијата не се подобри. Јувентус би бил шампион во тој случај, но не им се допаѓа идејата да ја добијат титулата на тој начин”, рече Гравина.

Интересно е што одредени клубови не сакаат да ја продолжат сезоната. Претседателот на Бреша, Масимо Селино, тврди дека продолжувањето на сезоната нема смисла.

„За мене е лудо да се продолжи и ако тие нè натераат да играме, јас сум подготвен да го повлечам тимот и да го загубам секој натпревар од 3-0. Јас би го сторил тоа од почит кон жртвите на Бреша и нивните најблиски”, рече Селино за „Gazzetta dello Sport“.