Connect with us

Фудбал

Јувентус е во потрага по замена за Бремер

Манчестер Јунајтед продолжува со напорите да го ангажира дефанзивецот на Јувентус, Бремер на лето.

„Црвените ѓаволи“ се обидуваат да ја засилат својата одбранбена линија во текот на летото и веруваат дека 27-годишниот бразилски централен бек би можел да биде совршен за нивниот тим. Тој во договорот има ослободителна клаузула од 65 до 70 милиони евра.

Потенцијалната продажба на Бремер ќе и даде на Старата дама значителни ресурси за реинвестирање на трансфер пазарот.

Јувентус почна да бара можни замени за Бремер и пред летото се насочи кон двајца играчи – Усман Диоман од Спортинг и Макс Лакроа од Волфсбург, пишува „Тутоспорт“.

Спортскиот директор на „бјанконерите“, Кристијано Џунтоли, двајцата играчи ги смета за погодни за тимот, но ниту еден не би бил евтин, првиот проценет на 40 милиони евра, а вториот околу 20 милиони евра.

Advertisement