Connect with us

Фудбал

Јувентус го доби дербито за Лигата на шампионите, Интер го стави Скудетото во сефот

Published

on

Јувентус и Интер забележаа победи на преостанатите натпревари во Серија А.

Интер на „Џузепе Меаци“ го пречека Сасуоло и стигна до 11. победа по ред во лигата. Натпреварот заврши 2:1.

За „нероазурите“, гол во двете полувремиња беше доволен за нова победа и ставање на Скудето во сеф. Стрелци беа Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез. Трошка надеж во 85. минута за гостите беше онаа на Траоре, но Интер сепак славеше на крајот.

Дербито за пласман во Лигата на шампионите го одиграа Јувентус и Наполи. На стадионот „Алијанц“ домашните „бјанконери“ забележаа триумф од 2:0.

Свесни за сериозноста на ситуацијата, играчите на Андреа Пирло го одиграа можеби најдобриот натпревар оваа сезона.

Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на гостите на почетокот од натпреварот по убавата акција на Федерика Киезе.

Во продолжение, Наполи изврши голем притисок, но домашната одбрана ги издржа сите напади. На недостижни 2:0, Старата дама замина со голот на Паоло Дибала, кој се врати по тримесечна пауза со убав погодок од 67. минута.

Конечниот резултат беше поставен во 90. минута кога Инсиње го совлада Буфон со 2:1 со удар од белата точка.

Со оваа победа Јувентус му се приближи на второпласираниот Милан со бод, додека првопласираниот Интер им бега на најголемите ривали со 11, односно 12 поени разлика.

Facebook