Фудбал
Јувентус ја одреди цената за Игуаин
Раководството на Јувентус ја соопшти сумата која мора да се плати за предвремен раскин на договорот со Гонзало Игуаин.
По две сезони мината во редовите на Старата дама, аргентинскиот репрезентативец најверојатно ќе си замине од Торино. За 30 годишниот напаѓач интерес покажуваат Челзи и Пари Сен Жермен, а доколку некој од двата клуба би сакал да го комплетира трансферот на Игуани ќе мора да плати сума од 60 милиони евра што е за 34 милиони помалку во однос на обештетуваето кое Јувентус му го исплати на Наполи.
Челзи посакува да го ангажира Игуаин и како што се најавува како дел од трансферот може да биде Алваро Мората кој е незадоволен од статусот на Стемфорд Бриџ додека Пари Сен Жермен сумата би ја обезбедил од евентуалната продажба на Единсон Кавани.