Фудбал
Јувентус ќе има нов капитен од новата сезона, а изборот ги изненади сите
Италијанските медиуми пишуваат дека челниците на Јувентус ќе направат неколку промени во играчкиот кадар на крајот од сезоната.
Старата дама оваа година разочара со предвременото испаѓање во Лигата на шампионите, а во Серија А не им оди најдобро како претходните години.
Затоа, се верува дека Јувентус ќе мора малку да го „раздрма“ тимот и да го освежи играчкиот кадар. Исто така, Тутоспорт пишува дека Старата дама од следната сезона ќе има нов капитен.
Имено, се очекува Џорџо Келини да ја заврши својата играчка кариера на лето и да му го предаде водството на капитенот на некој друг. Јасно е дека тоа нема да биде Леонардо Бонучи поради трансферот во Милан од пред неколку години, со што ја загуби довербата од навивачите.
Тутоспорт пишува дека нов капитен ќе биде холандскиот дефанзивец Матијас де Лихт, кој веќе се наметнува како лидер во соблекувалната, а од Јувентус веруваат дека тој ќе биде вистинскиот избор за нов капитен.
Сепак, многумина беа изненадени од овој избор затоа што веруваа дека предност имаат Кристијано Роналдо или Пауло Дибала, но бидејќи не е сигурно дали ќе останат во клубот летото, на крајот изборот падна на Де Лихт.