Фудбал
Јувентус, Милан, па потоа дома
Минатото лето Серие А ја одбележа размената на играчи помеѓу Јувентус и Милан. Леонардо Бонучи се врати „дома“ по само една сезона на Сан Сиро, додека во спротивна насока отпатува Матиа Калдара.
Италијанскиот млад фудбалер се сметаше за голем потенцијал, а „Росонерите“ го гледаа како дефанзивен столб заедно со Ромањоли. Но, за жал тоа не се случи. Го следеа и мачеа повреди, па го загуби првотимскиот статус и не се избори за место во тимот.
Според италијанските медиуми, сега Калдара ќе заврши во Аталанта, од каде што дојде во Јувентус. Најверојатно на шестмесечна позајмица до крајот на сезоната, а потоа можеби и откуп на договорот.