Фудбал
Јувентус најде замена за Игуаин, но Леви бара неверојатни 200 милиони
Гонзало Игуаин следната сезона нема да го носи дресот на Јувентус. Целта на раководството на „Старата дама“ е да направи тим кој конечно ќе може да ја покори Европа. Како желба се појавува напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн.
Сепак, дали ќе се реализира овој трансфер е големо прашање. Реал Мадрид беше исто така заеинтересиран за Кејн, но поради „лудата“ сума која ја постави првиот човек на Тотенхем Даниел Леви, а која е 200 милиони евра, „Кралевите“ се откажаа.
Дали Јувентус ќе успее да ја намали сумата, или ќе понуди некои свои фудбалери плус пари, останува да се види.
Со оглед на тоа дека Тотенхем најави дека Кејн нема да биде продаден на клуб од Англија, со ова најавите за Кејн во Јувентус изгледаат реални.