Фудбал
Јувентус не го доби градското дерби и титулата сега може да ja заборави
Торино и Јувентус ремизираа (2:2) во градското дерби одиграно во 29. коло од италијанската Серија А.
Старата дама продолжува со лоши игри оваа сезона и откако освои еден бод во дуел со градски ривал, титулата е далеку од „Бјанконерите“.
Се започна добро за Јуве, кој поведе во 13. минута со голот на Федерико Киезе за 0:1.
Сепак, Торино одигра одлично. Нападнаа кон противничкиот гол, а во 27. минута Антонио Санабриа ја искористи шансата и постигна гол за 1:1.
Со овој резултат тие заминаа на одмор, а на самото отворање на второто полувреме Санабриа погоди повторно и го донесе Торино во водство од 2:1.
Секако, Јуве потоа тргна на израмнување, а до него стигнаа во 81. минута. Роналдо погоди за 2:2, но тоа беше се што направи Старата дама денес.
Титулата е далеку од Јувентус и ќе биде вистинско чудо ако успеат да го престигнат Интер.