Connect with us

Фудбал

Јувентус носи играч од Аталанта?

Јувентус покажа интерес за напаѓачот на Аталанта, Луис Муриел (31), објавија италијанските медиуми. Колумбискиот напаѓач има договор со Аталанта до летото 2024 година. Во Бергамо му нудат продолжување на соработката, но Муриел тешко потпишува нов договор, особено откако оваа сезона остана без полна минутажа.

Аталанта, ќе се обиде да договори нов договор, но доколку тоа не успее, тие ќе бидат подготвени да го продадат 31-годишниот фудбалер следното лето. Во последниот летен преоден рок за него беа заинтересирани Интер, Рома и Јувентус, но никој не беше подготвен да ја плати цената од 15 милиони евра.

Наводно, Јувентус се уште е заинтересиран и ќе се обиде да го ангажира следното лето. Муриел за Аталанта игра од 2019 година, а на 105 настапи постигна 50 голови. Пред тоа играше во Фиорентина, Севиља, Сампдорија, Лече, Гранада и Удинезе. За колумбиската репрезентација забележа 45 настапи и постигна осум гола.