Фудбал
Јувентус носи нов голман во своите редови
Откако Џанлуиџи Буфон одлучи да го напушти Јувентус по 17 години, италијанските лидери тргнаа во потрага по нов голман.
Иако веќе го имаат полскиот голман Војчех Шчесни, Јуве одлучи да го ангажира голманот на репрезентативниот тим на Италија, Матиа Перин, еден од најталентираните голмани на Италија.
И договорот за неговиот трансфер е постигнат. Џенова се согласи да го продаде 25-годишниот голман, Матиа Перин за сума од 14 милиони евра, плус еден милион евра како бонуси, а се очекува се да биде официјализирано наредната недела.
Одличниот голман веќе се согласи со деталите околу договорот и се чекаше само епилогот од состанокот на клубовите. На крајот се помина во најдобар ред и Перин ќе стане нов член на „Бјанконерите“.
Сега му претстои борба за позицијата прв голман со Шчесни, а Јуве сигурно ќе добие доста здрава конкуренција помеѓу стативите.