Фудбал
Јувентус по рецептот на Реал Мадрид, пристигнува „скапоцен дијамант“
Јувентус во наредниот период ќе се обиде да го освежи нападот. Игуаин сигурно го напушта Торино по завршувањето на сезоната, што значи дека останува само Роналдо, кој сепак не е класичен шпиц. Три играчи следи „Старата дама“, а „Газета дело Спорт“ јавува дека договорот за едниот е веќе при крај.
Киао Жорже, млад напаѓач на Сантос, се наоѓа пред договор и селидба на Апенините. Наводно, ова ќе биде договор на класичен италијански начин, позајмица, па откуп.
Пред Сантос е понуда ид половина милион евра за позајмица и задолжителен откуп потоа за 14 милиони евра. 18-годишниот напаѓач го сврте вниманието на големите клубови со мечевите за младата селекција на Бразил. На 10 меча, постигна шест голови.
Според ова може да се заклучи дека Јувентус купува по концептот на Реал Мадрид, кој изминатиот период договори или донесе неколку млади фудбалери и таленти од Бразил, но сепак за далеку повисока сума.