Поврзи се со нас

Фудбал

Јувентус побара Роналдо да биде поштеден, а португалскиот тренер ги разочара со својата изјава

Кристијано Роналдо отпатува на средбата на репрезентацијата на Португалија, иако во неделата претрпе мала повреда против Лацио.

Роналдо мораше да ја напушти играта на крајот од натпреварот затоа што се пожали на повреда на скочниот зглоб, а многумина веруваа дека поради тоа ќе реши да ги прескокне следните натпревари на репрезентацијата на Португалија.

Сепак, Роналдо отпатува на собирот на репрезентацијата и се стави на располагање на селекторот Фернандо Сантос. Од Јувентус побараа да го поштеди Роналдо на следните натпревари, но се чини дека тоа нема да се случи.

Сантос се огласи пред вечерашниот пријателски натпревар против Андора и рече дека Роналдо едноставно сака да ја игра секоја секунда од секој можен натпревар.

 
“Тој сака да игра секоја секунда од секој натпревар и никогаш не сака да го напушти теренот ако навистина не мора да го стори тоа поради повреда. Навистина не зависи од мене”, рече Сантос.

35-годишниот играч одигра 167 натпревари за Португалија и постигна 101 гол.

loading...

Facebook