Connect with us

Фудбал

Јувентус подготвен да плати четири милиони евра за враќање на Буфон

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон може да се врати во Јувентус, објави „Газета дело спорт“. Торинскиот клуб е подготвен да плати за ангажман на 41-годишен италијански голман четири милиони евра годишно со потпишување на едногодишен договор.

За потсетување, договорот на Буфон со парискиот клуб истекува на 30 јуни.

Агентот на голманот, Силвано Мартин забележа дека враќањето на играчот во Јувентус е само идеја.

– За сега, тоа е само идеја, вели Мартин.

Јувентус планира по завршување на кариерата, Буфон да остане во клубот и да работи како тренер на голманите.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com