Фудбал
Јувентус рутински ја елиминира Болоња во Купот
Јувентус е третиот тим кој вчера избори пласман во четвртфиналето на италијанскиот Куп, а избраниците на Масимилијано Алегри се најдоа во следната фаза по триумфот на гостувањето против Болоња со 2:0.
Првиот натпревар во 2019 година Јувентус го заврши со позитивен резултат откако уште во 9. минута Бернардески ја искористи грешката на домашниот голман и ја најави победата.
Точка на неизвесноста стави младиот Моисе Кеан кој вечерва беше стартер а го постигна голот во 49. минута, поставувајќи ги конечните 0:2.
Јувентус во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Калјари и Аталанта.