Поврзи се со нас

Фудбал

Јувентус сака да го размени Роналдо за Нејмар

Торино, 11 ноември 2020 (МИА) – Јувентус очекува да се раздели со напаѓачот Кристијано Роналдо во летото 2021 година. Според „ Tuttomercatoweb“, италијанскиот клуб очекува да го размени Португалецот со ѕвездата на Пари Сен-Жермен и бразилската репрезентација Нејмар.

И на двајцата играчи клупските договори истекуваат во 2022 година, така што на крајот од сезоната ќе можат да менуваат екипи.

Оваа сезона, 35-годишниот Роналдо настапи на пет натпревари, постигна шест гола и забележа една асистенција, додека 28-годишниот Нејмар на шест средби постигна два гола и направи четири асистенции. зс/

loading...

Facebook