Connect with us

Фудбал

Јувентус се откажа од Милинковиќ-Савиќ, бидејќи е прескап

Јувентус се откажа од донесувањето на Милинковиќ-Савиќ од Лацио, бидејќи е прескап, па затоа се префрли на трансферот на Александар Головина од Москва ЦСКА.

Клубот од Торино постигна договор со играчот кој ќе заработува три милиони евра годишно, додека ЦСКА бара исплата од 29 милиони евра.

“Старата дама” се откажа од српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, откако претходно го доведе Емре Џан од Ливерпул.

Головин го сврте вниманието по одличната игри во првите две кола на Мундијалот и беше еден од најзаслужните играчи за пласман во осмина – финален.