Фудбал
Јувентус тргнува по најдобриот стрелец на Фиорентина: 35 милиони плус фудбалерот со македонско потекло
Директорот на Фиорентина, Џо Бароне, вчера потврди дека италијанскиот клуб сака да го продаде Влаховиќ во јануари бидејќи се свесни дека можат да заработат огромни пари за него. Фиорентина за Влаховиќ постави цена од 70 милиони евра, но се чини дека тој нема да замине во Арсенал.
Ла газета дело спорт утринава објави дека Старата дама е многу „загреана“ за Влаховиќ. Сепак, Јувентус не сака да ги плати сите 70 милиони за Влаховиќ, а на Фиорентина и понудија опција во договорот да го вклучи и Дејан Кулушевски, кој има македонско потекло, но игра за Шведска. Така, покрај Кулушевски, овој клуб би платил уште 35 милиони евра, а Јувентус се надева дека Фиорентина ќе ја прифати оваа понуда.