Фудбал
Јувентус во јануари ангажира нов напаѓач од Премиер лигата
Екипата на Јувентус сака да го ангажира напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг на позајмица од Арсенал, тврди „Газета дело Спорт“. „Бјанконерите“ сакаат да се засилат во нападот, но немаат доволно средства за директно купување.
Репрезентативецот на Габон најверојатно ќе го напушти Арсенал откако поради дисциплински причини му беше одземена капитенската лента. Освен тоа Обамејанг тренира одвоено од соиграчите. Тој има договор со „топчиите“ до 2023 година.
Италија не е непозната дестинација за Габонецот, кој беше дел од академијата на Милан пред да биде продаден на Сент Етјен. Сепак, пречка може да биде високата плата на напаѓачот. Обамејанг моментално собира 350.000 фунти неделно.
Друга опција за Јувентус е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал, кој се очекува да ги напушти „црвените ѓаволи“ бидејќи нема речиси никакви шанси за игра. Сепак, тука повторно, The Athletic забележува дека платата на Французинот од 240.000 фунти неделно може да биде камен на сопнување.