Connect with us

Фудбал

Јувентус заштеди огромни сума поради раскинувањето на договорот со Кедир

Германскиот фудбалер Сами Кедира го напушти Јувентус и потпиша договор со Херта Берлин.

Кедира пристигна во италијанскиот клуб на почетокот на 2015 година како слободен агент и по шест години реши да го напушти Јувентус и да се врати во Германија.

Оваа сезона не играше во дресот на Старата дама, па успеа да се договори со клубот да ја прекине соработката за да може да се пресели во Херта без обештетување.

Кедира официјално потпиша договор со клубот од Берлин, и се врати во Бундеслигата. Иако Јуве остана без обештетување, раскинувањето на нивниот договор сепак беше добар потег за нив.

Имено, врз основа на остатокот од договорот што Кедира го имаше со Јувентус, клубот заштеди околу 4,6 милиони евра и затоа толку лесно се согласија да ја прекинат соработката со него.