Connect with us

Други спортови

Јужна и Северна Кореја со заедничка кандидатура

Претставници на Министерството за култура, спорт и туризам на Јужна Кореја уште еднаш ја потврдија решителноста да испратат заедничка кандидатура со Северна Кореја за организација на најголемиот спортски настан – Летните олимписки игри 2032 година.

Како што најавија двете страни, тие се подготвени да конкурираат за организација на игрите по 14 години.

  • Првично, планиравме да поднесеме апликација уште во јануари, но Северна Кореја не успеа да го потврди распоредот определен од порано. Сега претседателот на ИОК, Томас Бах, ги покани претставниците на двете земји да го посетат седиштето на организацијата во средината на февруари, кога веројатно ќе биде поднесена апликацијата, велат од Јужна Кореја.