Connect with us

Други спортови

Каде замина Ѓоковиќ по освојувањето на Ролан Гарос, фотографиите го открија (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ ја освои историската 23. Грен слем титула. Во финалето на Ролан Гарос го совлада Каспер Рудо со 3:0 во сетови и со тоа го престигна Рафаел Надал по бројот на трофеи од четирите најголеми турнири. По сето тоа тој најави дека ќе земе неколку дена одмор, а сега е откриено каде отишол со семејството. Фотографии на социјалните мрежи ја открија неговата дестинација.

Ѓоковиќ со семејството отпатува на островот Сан Мигел. Станува збор за остров кој се наоѓа во Португалија, на околу 1.500 метри од Лисабон. Тој е дел од Азорските Острови и е еден од деветте главни острови таму. Тоа е исто така најголемата област во Азорските Острови. Има површина од 760 квадратни километри и население од околу 140.000 луѓе. Новак нема да има многу време за одмор таму, бидејќи се наближува Вимблдон (од 3 до 16 јули). Додуша, Ѓоковиќ на прес-конференцијата во Франција најави и дека од турнирот на трева ќе игра само на Грен слем, што значи дека ќе ги „полни батериите“ со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара.