Ракомет
Кадетите ракометниот Мундијал го стартуваат против Аргентина
Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија, на 6 август, во 20:30 часот против Аргентина, ќе го стартува Светското првенство за ракометари, кое од 6 до 18 август ќе се одржи во Македонија поточно во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Македонските репрезентативци се во групата Ц заедно со Аргентина, Данска, Нигерија, Бахреин и Јапонија.
По Аргентина на 8 август Македонија во истиот термин ја пречекува Нигерија, додека ден подоцна ќе се сретне со Бахреин од 14:30 часот. Настапите ќе продолжат на 11 август и дербито против Данска од 20:30 часот.
Настапите од групата ги финишираме на 12 август против Јапонија во истиот термин.
Извор: Дриблинг