Connect with us

Фудбал

Кагава постигна два гола за три минути во дебито за Бешикташ

Јапонецот Шинџи Кагава постигна два гола во рок од три минути при своето деби за тимот на Бешикташ, кој го декласираше Анталијаспор како гостин со 6:2 во средба од 20-тото коло на фудбалското првенство на Турција.

Дваесет и девет-годишниот Кагава, кој премина во Бешикташ на изнајмување од Борусија Дортмунд во последниот ден од трансфер периодот, се појави како резерва во 81-та минута, кога гостите водеа со 4:1.

Јапонецот се запиша минута откако влезе во игра со удар од околу 18 метри, а во 84-тата минута беше прецизен и од слободен удар.

Ова беше прв меч за Кагава од 31 октомври минатата година.

Шинџи Кагава премина во Дортмунд од Серезо Осака во 2010 година за 350.000 евра, а во 2011 и 2012-та стана шампион на Германија.

Кагава помина две сезони во Манчестер Јунајтед (2012-2014), по што се врати во Дортмунд. Тој има 60 гола во 216 натпревари за германскиот тим.

Бешикташ е трет во рангирањето на турското првенство со 33 поени.