Фудбал
Каио како дефанзивен столб
Седумкратниот европски клупски шампион, тимот на Милан, доби сериозна конкуренција во големиот ривал од италијанската Серија А, екипата на Рома, кога е во прашање потписот на стандардниот првотимец во дресот на бразилскиот гигант Сао Паоло, Родриго Каио.
Централниот дефанзивец планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок, а раководните лица на Милан веќе со недели се во потрага по фудбалер кој ќе го замени тешко повредениот Матиа Калдара. Неофицијално, челниците на Сао Паоло побарале околу 10 мил. евра за обештетувањето на Каио.