Connect with us

Фудбал

Како Барселона во последен момент го украде Кунде?

Жил Кунде и официјално стана играч на Барселона, откако веќе посочи дека Чави е клучниот човек за неговото доаѓање во редовите на Каталонците. Спортскиот директор на Севиља, Мончи откри дека се било договорено со Челзи, но потоа Сините покажале двоумење и Барселона го искористила тоа.

„Во четвртокот Кунде беше продаден на Челзи, имавме договор и самиот играч се договори со Челзи. Но, потоа покажаа двоумење и Барса ја искористи ситуацијата“, коментира Мончи.

„Матеу Алемани првпат ме контактираше за Кунде во понеделникот“, додаде тој.

Првата понуда што ја добивме не беше баш најдобра, но на крајот успеавме да добиеме сума што е рекордна продажба за Севиља“, додаде спортскиот директор.

„Челзи се врати и се обиде повторно да преговара, но сè со Барса беше веќе финализирано“, откри Мончи.