Фудбал
Како дете беше „опседнат“ со Јунајтед, а сега е на прагот да заигра на „Олд Трафорд“
Арон Ван Бисака би требало да стане новото засилување на Манчестер Јунајтед.
22-годишниот бек на Кристал Палас е голема желба на Манчестер Јунајтед, а судејќи по некои фотографии од неговото детство, желбата и кај него не е нешто помала.
Иако порасна во јужен Лондон, Ван Бисака како дете со гордост го носеше дресот на Манчестер и сега има шанса да потпише за славниот клуб.
И неговиот брат Кевин ист како него, навиваше за Манчестер Јунајтед, а на фотографијата и тој е во дресот на славниот англиски клуб.
За младиот англиски репрезентативец Јунајтед би требало да одвои околу 55 милиони фунти и би бил нај скапиот британски дефанзивен фудбалер.
За Кристал Палас во минатата сезона одигра 35 натпревари во Премиер лигата и постигна три асистенции.