Connect with us

Фудбал

Како Фергусон го чуваше мирот: Сине, ќе ја задржиш лентата, ако ја дадам на Роналдо ќе се налути Руни

Алекс Фергусон е еден од најдобрите фудбалски тренери кои ги видел светот. На сите им е познато колкава почит уживаше кај своите фудбалери и тоа со години.

Некогаш Фергусон морал да носи интересни одлуки за да го сочува мирот во соблекувалната на Манчестер Јунајтед. Гери Невил, кој беше капитен на Јунајтед од 2005-та до 2011-та година раскажа една таква анегдота.

-Една година откако станав капитен, се повредив и тоа беше многу тежок период за мене. Мислев дека не придонесувам на екипата како што би требало во последните неколку сезони. Отидов да го видам Фергусон пред почетокот на сезоната. Три години бев капитен. Имавме фантастична екупа, Роналдо, Руни, Тевез, Гигс, Склолс, Карик, Фердинанд, Видиж, Евра, Ван дер Сар…Сите беа одлични карактери и фудбалери. Му реков, сметам дека повеќе не сум достоен на капитенската лента. Овој тим е на ниво на кое што јас не сум, вели Невил.

Сепак, Фергусон брзо му одговорил:

-Ќе ја задржиш таа е**на лента. Ако ја дадам на Роналдо, Руни ќе биде незадоволен, ако ја дадам на Руни, Роналдо ќе биде лут. Ако ја дадам на Видиќ, ќе се лути Фердинанд или обратно. Поради тоа ти и Гигс ќе се ротирате.

Невил вели дека со ова Фергусон покажал дека тимот секогаш треба да биде на прво место, и во моментите кога не ја заслужувал капитенската лента.

Кога Гери Невил се прости од дресот на Јунајтед во 2011-та година, капитен стана Видиќ. Капитенската лента Руни ја доби откако Фергусон замина во пензија.