Тајмаут
Како Хакими ја изиграл својата атрактивна сопруга која побарала развод и половина од неговото богатство
Мароканскиот фудбалер и играч на ПСЖ, Ахраф Хакими се најде во центарот на скандал на почетокот на 2023 година, откако беше обвинет за силување на 23-годишна девојка.
Тоа го потресе и неговиот брак со Хиба Абук, 12 години постара актерка од него. Шпанските медиуми објавија дека таа во март поднела барање за развод од фудбалерот, со намера да преземе половина од неговиот имот и богатство. Сепак, следеше големо разочарување, студен туш.
Иако Хакими е еден од најплатените играчи во Франција и заработува повеќе од милион евра месечно во ПСЖ, тој всушност не поседува ништо на своето име.
Кога актерката пристигнала во францускиот суд со својот адвокатски тим и ја побарала сумата за која верувала дека треба да има право при разводот, ја известиле дека нема богатство. Причина? Мароканецот сè префрлил на името на неговата мајка.
Фудбалерот и актерката имаат две деца.