Фудбал
ВИДЕО: Како изгледа тренингот на Пјаниќ во домашнта теретана?
Миралем Пјаниќ престојува во Луксембург веќе две недели во семејнот дом заедно со неговите родители и останатите членови на семејството.
Пјаниќ, како и сите играчи на Јувентус, доби посебна програма за тренинг за време на изолацијата. За да остане во форма, тој поминува многу време во својата домашна теретана.
Одличниот играч од средниот ред, кој го прослави својот 30-ти роденден пред неколку дена, објави кратко видео од неговото секојдневно вежбање на Инстаграм.
„Напорната работа се исплатува“, рече Пјаниќ, на кој принудната пауза можеби добро му дојде за да ги наполни батериите и да игра одлично повторно како на самиот почеток на сезоната.