Фудбал
Како ќе изгледа тимот на Барселона ако по некое чудо ги донесе Роналдо и Левандовски?
Барселона летово е многу активна на пазарот, а каталонскиот клуб веќе донесе две нови засилувања.
Каталонците ги официјализираа доаѓањата на Франк Кесие и Андреас Кристенсен кои пристигнаа без обештетување и во наредните денови ќе се приклучат на подготовките на новиот клуб.
Сепак, јасно е дека Барселона не заврши со засилувања и дека само се „загрева“ во овој клуб. Главна цел летово е Роберт Левандовски, кој и самиот призна дека сака да го напушти Баерн и да се пресели во Барселона.
Но, пред неколку дена сите беа изненадени кога се појави информација дека во Барселона може да заврши и Кристијано Роналдо.
Португалецот побара трансфер во Манчестер Јунајтед и не се појави на почетокот на подготовките. Неговиот агент во понеделникот беше во Барселона, а тоа секако само ги подгреа гласините дека Роналдо доаѓа во овој клуб.
Англиските медиуми денеска решија да направат можен состав за следната сезона, а во него ги вклучија Роналдо и Левандовски. Таа постава изгледа навистина фантастично, но тешко е да се очекува да се оствари.
Во можниот состав на Барселона за новата сезона се: Тер Штеген, Дест, Араухо, Кристенсе, Жорди Алба, Бускетс, Кесие, Педри, Ансу Фати, Роналдо, Левандовски.
Левандовски најверојатно ќе дојде во Барселона, но речиси сигурно нема ништо од доаѓањето на Роналдо. Доколку Португалецот го напушти Јунајтед, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Челзи или Баерн.